Реал Мадрид потврди: Винисиус потпиша нов договор!

Реал Мадрид објави дека ја продолжува соработката со Винисуис до 2032 година, Бразилецот стави потпис на нов договор.

Крај на сагата, Винисиус уште долго ќе го носи белиот дрес на Реал Мадрид.

„Реал Мадрид и Винисиус се договорија за продолжување на договорот на фудбалерот според кој ќе биде врзан со клубот до 30 јуни, 2032 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Винисиус изрази задоволство од продолжувањето на соработката.

„Осум години на Бернабеу се многу малку - шест години повеќе и засекогаш, Реал Мадрид“, кажа Винисиус.

Од ваквиот исход се задоволни сите страни, Реал Мадрид, Винисиус и Жозе Мурињо кој инсистираше на продолжување на соработката со Бразилецот бидејќи го смета за еден од клучните во тимот.