ПСЖ го испушти Диоманде, но донесе француски репрезентативец за 50 милиони евра

Европскиот шампион Пари Сен Жермен го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Манес Аклиуш, кој пристигнува од Монако за сума од 50 милиони евра. Офанзивниот играч потпиша петгодишен договор и стана второто засилување на парискиот клуб ова лето, по голманот Алесандро Лонгони.

Аклиуш, кој има 24 години, е производ на академијата на Монако и досега целата своја професионална кариера ја мина во клубот од Кнежевството. Со своите настапи се избори и за место во француската репрезентација, а беше дел и од составот на Франција на последното Светско првенство.

ПСЖ првично имаше амбиција да го доведе Јан Диоманде, но талентираниот фудбалер се одлучи за трансфер во Реал Мадрид, кој за неговите услуги ќе плати најмалку 125 милиони евра. По неуспехот во таа трка, раководството на парискиот клуб брзо реагираше и го обезбеди потписот на Аклиуш како едно од клучните засилувања за новата сезона.