Почнува битката за плејоф во КЛ: Шкендија на тежок испит во Единбург

Македонскиот вицешампион Шкендија вечерва на гостински терен кај Хибернијан во Единбург го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига (КЛ).

Шкендија веќе оставри неколку победи оваа сезона во елитното натпреварување, откако славеше со 5-0 и 1-0 во двомечот против Европа, а потоа загуби од Браво со 1-2, но во реваншот оствари триумф од 3-1.

Тетовци ќе се обидат да го изненадат фаворитот, кој во минатото коло имаше големи маки да ја елиминира косовската екипа Малишева, откако го загуби првиот натпревар со 0-2, но затоа во реваншот во Единбург славеше со 4-1.

Тренерот Артим Положани на дуелот не може да смета на голманот Бабукар Гаје и левиот бек Бојан Димоски, кои се повредени.

Натпреварот меѓу двете екипи се игра на стадионот „Истер Роуд“ од 21 часот, а пренос ќе има на „МТВ 2“.

Фото: ФК Шкендија