Косовски репрезентативец е замената за Диоманде во Лајпциг!
Напаѓачот на Хофенхајм наскоро треба да стане нов соиграч на нашиот Елиф Елмас во трансфер вреден околу 30 милиони евра. Според германските медиуми, медицинските прегледи веќе се закажани, а Аслани е предвиден како директна замена за Диоманде. Во меѓувреме, сè е подготвено и за рекордниот трансфер на 19-годишниот Диоманде во Реал Мадрид. Иако парите сè уште не се префрлени на сметката на Лајпциг, се очекува тоа да се случи во текот на следната недела, по што зделката ќе биде и официјално комплетирана.
Според најавите, Реал Мадрид ќе плати дури 140 милиони евра за ангажманот на младиот офанзивец, што би претставувало најскап трансфер во историјата на шпанскиот гигант.