Шпански второлигаш неочекувано го декласира европскиот првак од Париз (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ претрпе неочекуван пораз во првиот контролен натпревар од летните подготовки, откако убедливо загуби на гостувањето кај шпанскиот второлигаш Мајорка (0-3).

Тренерот на европскиот и француски шампион, Луис Енрике, на теренот испрати значително подмладен состав, со оглед што голем дел од репрезентативците сè уште се на продолжен одмор по летните обврски. Меѓу стартерите беа 16-годишниот Аксел Кукаба и 17-годишниот Давид Боли, додека од поискусните фудбалери настапија само голманот Матвеј Сафонов и грузискиот репрезентативец Квича Кварацкелија.

Мајорка поведе во 21. минута преку Зито Лувумбо, кој погоди по асистенцијата на Јан Виржили. Само пред паузата, во 40. минута, токму 19-годишниот Виржили се запиша меѓу стрелците по одличната акција што ја иницираше Серхи Дардер, зголемувајќи на 2-0. Конечните 3-0 беа поставени во 51. минута, кога капитенот Антонио Раиљо со удар со глава ја затресе мрежата по корнерот што го изведе Алекс Сала.

И покрај убедливиот пораз, во таборот на ПСЖ нема многу време за анализи, бидејќи веќе следната среда во Салцбург ги очекува дуелот со Астон Вила во борбата за трофејот во европскиот Суперкуп.