Лудило во Трабзон: 25.000 навивачи го пречекаа Салах (ВИДЕО)

Фудбалска еуфорија владее во Турција откако Мохамед Салах пристигна во Трабзон и стана еден од најзвучните трансфери во историјата на турскиот фудбал.

По завршените медицински прегледи, Салах замина за Трабзон каде што го пречекаа спектакуларни сцени, односно го поздравија дури 25.000 навивачи.

„Среќен сум што дојдов тука. Тешко ми е да опишам колку сум изненаден. Овде има 25.000 луѓе, не се сеќавам кога последен пат сум видел нешто слично“, кажа Салах.

Фото: Trabzonspor/Facebook