Реал ја доставил конечната понуда, одлуката е во рацете на Винисиус!
Реал Мадрид му понудил фиксна годишна плата од 22 милиони евра која може да порасне до 24 милиони евра со бонуси.
Винисиус треба да одлучи дали ќе ги прифати условите или ќе биде продаден.
Арсенал будно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира. Топчиите веруваат дека можат да дојдат до потписот на Бразилецот.