Реал Мадрид го продаде најдобриот стрелец од СКП за „само“ - 40 милиони!

Шпанскиот напаѓач Гонзало Гарсија и официјално е нов фудбалер на Фулам, откако трансферот од Реал Мадрид беше потврден од двата клуба.

Лондонскиот премиерлигаш за 22-годишниот голгетер ќе плати околу 40 милиони евра, со што ќе добие 70 проценти од неговите права. Реал Мадрид задржа одредени права поврзани со иднината на фудбалерот, оставајќи си можност повторно да го врати во своите редови. Тренерот на англискиот клуб, Алваро Арбелоа, инсистирал токму на неговиот ангажман уште од преземањето на екипата, а младиот напаѓач бил една од главните трансфер-желби. Иако преговорите траеле подолго од очекуваното, на крајот бил постигнат договор што ги задоволил сите страни.

Главната причина за заминувањето на Гарсија е желбата за поголема минутажа. Во Фулам ќе има можност редовно да игра во една од најсилните лиги во светот и дополнително да го развива својот потенцијал. Младиот Шпанец го напушта „Сантијаго Бернабеу“ со 13 постигнати голови за првиот тим на Реал, оставајќи впечаток дека станува збор за еден од најперспективните напаѓачи од академијата на „кралевите“. Тој блесна на Светското клупско првенство (СКП) лани во САД, кога со четири погодоци беше најдобар стрелец, а се најде и во идеалниот тим на турнирот.