Мастантуоно избега од пеколот во Реал, ќе игра во Италија
Мастантуоно лани пристигна во „кралскиот клуб“ од Ривер Плата како едно од најперспективните имиња во светскиот фудбал, но поради силната конкуренција во тимот, Реал смета дека најдобро решение за неговиот развој е да добие континуирана минутажа во клуб каде ќе има поголема улога.
Фиорентина во моментов е фаворит за неговиот потпис, а преговорите се насочени кон договор за позајмица, при што останува да се усогласат деталите околу поделбата на платата на фудбалерот. Според Романо, самиот Мастантуоно е отворен за преселба во Фиренца. Добрите односи меѓу двата клуба би можеле да одиграат важна улога во реализацијата на трансферот. Фиорентина и претходно соработуваше со Реал Мадрид, а раководството на италијанскиот клуб верува дека Аргентинецот може да биде едно од клучните засилувања за новата сезона.
Доколку договорот биде финализиран, Мастантуоно ќе добие можност да се докажува во една од најсилните европски лиги, додека Реал Мадрид внимателно ќе го следи неговиот развој пред евентуално да го врати во својот тим.