Ливерпул ќе мора да постави нов рекорд на Премиер лигата за да го донесе Баркола
Сепак, францускиот шампион експресно ја одби понудата, бидејќи нема намера лесно да се откаже од еден од своите најважни фудбалери. Според последните информации, раководството на ПСЖ ја проценува вредноста на 23-годишниот француски репрезентативец на околу 170 милиони евра, сума што би го вброила меѓу најскапите трансфери во историјата на фудбалот и убедливо најскап во Премиер лигата каде рекордот го држи Александер Исак со околу 140 милиони евра.
Баркола беше еден од клучните играчи во шампионската сезона на ПСЖ, а со своите настапи привлече интерес од повеќе европски гиганти. Ливерпул, кој летово активно го засилува тимот, го гледа Французинот како едно од главните решенија за офанзивната линија.
И покрај големиот интерес од „Енфилд“, челниците на ПСЖ засега остануваат цврсти на ставот дека нема да преговараат под цената што ја одредиле. Доколку англискиот клуб сака да го доведе Баркола, ќе мора значително да ја подобри својата понуда.
Доколку трансферот се реализира според барањата на ПСЖ, тоа би бил еден од најскапите договори во историјата на европскиот фудбал и уште една потврда дека летниот преоден рок би можел да донесе рекордни зделки.