Реал Мадрид потврди уште едно ново засилување!
Доцна синоќа Реал Мадрид и официјално го потврди ангажманот на Еспи.
„Реал Мадрид и Леванте постигнаа договор за трансфер на фудбалерот Карлос Еспи, кој ќе биде дел од нашиот клуб во наредните пет сезони, до 30 јуни 2031“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Кралскиот клуб за овој трансфер ќе плати 25 милиони евра, толку изнесува откупната клаузула на Еспи во договорот со Леванте.
21-годишниот Карлос Еспи играше три сезони за Леванте, одигра 66 меча и постигна 20 голови. Минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во лигата под 23 години.
Еспи играше за младинските селекции на Шпанија, но уште нема деби за сениорите.