Реал Мадрид си најде евтин напаѓач!

Откако стана јасно дека Гонзало Гарсија ќе замине во Фулам, Реал Мадрид тргна по негова замена.

Кралскиот клуб сака да го ангажира напаѓачот на Леванте, Карлос Еспи, кој беше на пат да потпише за Хал.

Тој во моментов ги стопира преговорите со англискиот клуб откако слушна дека Реал Мадрид тропа на неговата врата.

Овој трансфер би го чинел Реал Мадрид 25 милиони евра бидејќи толку изнесува откупната клаузула која напаѓачот ја има во договорот со Леванте.