Една европска земја со задоволство ќе ги земе парите од ФИФА за да ја поддржи идејата на Инфантино!
Инфантино им даде рок на членките да се изјаснат до 19. септември, оние кои ќе го поддржат ќе добијат 40 милиони долари во својата каса.
На идејата на Инфантино бурно реагираше УЕФА, најавен е и бојкот на ФИФА од страна на европските федерации, но не се сите сложни со тоа.
Еден од оние кои јавно го поддржаа Инфантино е Фудбалската федерација на Чешка. Претседателот на оваа институција, Давид Трунда кажа дека добро ќе им дојдат парите на ФИФА.
„Гледам конкретни придобивки за чешкиот фудбал преку блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако, потребни се повеќе информации, но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе позитивни ефекти“, изјави Трунда.
Според предлогот на ФИФА, ќе биде формирана компанијата „ФИФА Форвард Ентерпрајз“, проценета на околу 20 милијарди долари, која ќе управува со комерцијалните права на светската куќа на фудбалот. ФИФА ќе го задржи мнозинскиот пакет, додека до 20 проценти од сопственоста ќе бидат понудени на приватни инвеститори.