Подготвени се арапските милиони за шесте тениски ѕвезди

Организаторите на престижниот егзибициски турнир „Six Kings Slam“ ги потврдија учесниците за овогодинешното издание, кое ќе се одржи од 21 до 24 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

На турнирот ќе настапат шестмина од најдобрите светски тенисери – Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Карлос Алкараз, Александер Зверев, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. За австралискиот тенисер ова ќе биде прво учество на спектаклот, додека останатите веќе беа дел од претходните изданија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Six Kings Slam“ не носи АТП бодови, но важи за еден од најатрактивните егзибициски турнири во светот благодарение на силната конкуренција и богатите парични награди. Минатата година титулата ја освои Јаник Синер, кој во финалето беше подобар од Карлос Алкараз.

Љубителите на тенисот повторно ќе имаат можност да гледаат дуели меѓу најголемите имиња во овој спорт, а организаторите најавуваат уште едно спектакуларно издание на турнирот, кој за кратко време стана еден од најпривлечните настани надвор од официјалниот АТП календар.