Преодниот рок уште не почнал за Барса: „Каталонците“ планираат уште четири засилувања

Барселона сè уште не го завршила летниот преоден рок. Според каталонските медиуми, раководството на клубот планира да донесе најмалку уште четири нови засилувања пред затворањето на трансфер прозорецот.

Иако Каталонците веќе беа активни на трансфер пазарот, очигледно е дека за клубот, преодниот рок уште не почнал како што треба и дека спортскиот сектор предводен од Ханси Флик сака дополнително да го засили тимот за претстојната сезона. Сепак, реализацијата на новите трансфери ќе зависи и од заминувањата, бидејќи клубот мора да создаде простор во буџетот и во платниот список.

Во изминатиот период со Барселона се поврзуваа неколку фудбалери, особено во одбраната и нападот, но засега нема официјална потврда за идентитетот на потенцијалните нови имиња. Засега не се спомнуваат имињата на можните засилувања, но јасно е дека е потребен уште еден напаѓач, стопер и најверојатно два бека.

Доколку информациите се покажат точни, Барселона би можела да биде еден од најактивните европски клубови до крајот на преодниот рок, со уште најмалку четири нови потписи во обид да изгради тим способен да се бори за сите трофеи.