Германија ќе биде противкандидат на САД за организација на Светско првенство
Тој истакна дека земјата располага со целата потребна инфраструктура за организација на еден ваков спектакл и дека во ДФБ веќе е покрената иницијатива за подготовка на кандидатура. Според Хелман, дали Германија ќе се кандидира за 2038 или 2042 година ќе зависи од правилата што ќе ги утврди ФИФА за изборот на домаќините.
Во меѓувреме, интерес за организација на Мундијалот покажуваат и Соединетите Американски Држави, па доколку двете земји официјално влезат во трката, се очекува голема битка за добивање на организацијата.
Засега ФИФА сè уште не го започнала официјалниот процес за избор на домаќини за Светските првенства во 2038 и 2042 година, па конечните кандидатури ќе бидат познати во наредниот период. САД беа ко-домаќин на Мундијалот кој се одржа неодамна, а Германија последен пат беше домаќин на најдобрите светски селекции во 2006 година.