Вардар беше на чекор до триумф, но на крајот доживеа потоп во Рига (ВИДЕО)
Вардар по само 17 минути успеа да ја затресе мрежата на Рига со прекрасен удар и да донесе предност од 1-0, но само две минути следеше вистински шок бидејќи Филип Најдовски доби директен црвен картон.
Рига ја презема контролата врз играта во продолжение и почна да го напаѓа голот на Талески, но не реализира ниту една шанса, иако создаде дури 16 до крајот на првото полувреме.
Домашниот тим напаѓаше и на почетокот на вториот дел, но Талески го чуваше голот, додека Вардар успеа да казни преку Азер Омерагиќ и да стигне до 2-0 во 66. минута.
Во завршницата од регуларниот дел Рига нападна со сите можни оружја кон голот на вардарци, а Абдулрахман Таиву успеа да ја затресе мрежата на Талески во 87. минута.
Вардар се распадна во продолженијата, откако Рига по само две минути погоди за 2-2 преку Ауани, а потоа стрелаше Јаго Сикиера за целосен пресврт (3-2).
До крајот на натпреварот Рига продолжи со нападите и постигна уште два гола, и тоа преку Региналдо Рамиреш и Каио Фераира за конечни 5-2.