Реал или ништо: Родри не размислува за ПСЖ

И покрај шпекулациите дека Пари Сен Жермен би можел да се вклучи во трката за потписот на Родри, шпанскиот репрезентативец воопшто не размислува за преселба во француската престолнина.

Гласините за интересот на ПСЖ се засилија откако пропадна обидот на клубот да го доведе Јан Диоманде, па се појавија информации дека францускиот гигант би можел да се обиде да го преземе Родри пред носот на Реал Мадрид. Сепак, последните информации велат дека такво сценарио нема да се реализира.

Според истиот извор, во ПСЖ се свесни дека желбата на Родри е јасна – доколку го напушти Манчестер Сити, неговата следна дестинација би била Реал Мадрид. Поради тоа, клубот од „Паркот на принцовите“ нема ни намера да троши време и ресурси на трансфер кој има минимални шанси за реализација.

Во меѓувреме, Реал Мадрид продолжува внимателно да ја следи ситуацијата околу еден од најдобрите играчи за врска во светот. Иако Манчестер Сити сака да го задржи и работи на продолжување на договорот, интересот на „кралскиот клуб“ останува сериозен, а разврската околу иднината на Родри се очекува во текот на летниот преоден рок.