Пресврт во последен момент: Чурлинов место Лоџ избра друг клуб!

Дарко Чурлинов ќе се пресели во Полска, но не во Лоџ како што претходно беше најавено, туку во Погон Шчечин.

Најавите од полксите медиуми се дека договорот е постигнат и официјална потврда би можело да има уште во текот на денешниот ден.

Претходно се пишуваше дека Чурлинов има речиси договорен трансфер во Видзев Лоџ и овој клуб планираше во недела и да го претстави пред дуѕелот со Мотор.

Но, во последен момент се случил пресврт и пристигнала понудата од Погон која била подобра, па така Македонецот се одлучил за Погон.

За Чурлинов кој минатата сезона беше дел од турскиот Кочаелиспор ова е враќање во Полска каде што претходно беше дел од Јагелонија и со многу успех ги бранеше боите на овој клуб.