Норис на „Хунгароринг“ до прва победа сезонава!

Aктуелниот шампион Ландо Норис ја искористи предноста на пол-позиција и стигна до победата на денешната трка за Големата награда на Унгарија на легендарната „Хунгароринг“.

Зад Норис кој со овој триумф стигна до првата победа сезонава во завршија Макс Ферстапен и Кими Антонели. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри немаше среќа и трката поради проблеми со менувачот ја заврши на 15 круга пред крајот.

Во топ десет завршија уште: Леклер, Хамилтон, Хаџар, Расел, Лаусон, Хулкенберг и Линдблад.

Водечки во генералниот поредок кај возачите и понатаму е Антонели, кој има 204 бодови. 

Зад него следуваат Луис Хамилтон со 159, Џорџ Расел со 154, Шарл Леклер со 126 и Норис со освоени 103 бодови.