Винисиус игра „тврдо“ со Реал, новиот договор станува проблем!
Винисиус има уште една година од актуелниот договор со Реал Мадрид. Кралскиот клуб рачуна на две опции ова лето, или да ја продожи соработката или да биде продаден за голема сума.
Но, работите во свои раце ги има Винисиус, тој нема намера да замине од Бернабеу ова лето, а не ни сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид по условите кои му ги нуди клубот.
Од таборот на фудбалерот го чекаат Реал Мадрид да испрати нова понуда со подобрени услови.
Во спротивно, Винисиус следното лето ќе го напушти Реал Мадрид како слободен играч и клубот нема да заработи ништо од неговото заминување.