Шампионот ја почнува новата сезона: Вардар сака три бода против Брегалница!
Меѓу двата европски натпревари против Рига, вардарци имаат домашна обврска, мечот од првото коло во ПМФЛ.
Момците на Фабијани ќе влезат како голем фаворит во дуелот со Брегалница и се освен победа на црвено-црните ќе биде големо изненадување.
Брегалница како првопласирана влезе во елитата, но голем дел од најавите за силна екипа не се исполнија, па штипјани дури вчера добија нов тренер и речиси без подготовки влегуваат во сезоната.
Ако се суди според предсезоната, Брегалница ќе биде една од оние екипи кои ќе се борат за опстанок во лигата.
Во терминот од 17 часот играат и Струга и Шкендија Арачиново. За арачиновци ова ќе биде историски меч, деби во Првата лига.
Стружани се сериозни фаворити во овој дуел, но тимот од Арачиново со голема мотивација ќе влезе во овој дуел и ќе се обиде да се врати непоразен.