Мундијалската ѕвезда, Возиња - има нов клуб!
Возиња стана голман на чилеанскиот гигант, Коло Коло.
Во текот на викендот треба документите да бидат потпишани, по што трансферот и официјално ќе биде објавен.
Коло Коло е еден од најголемите клубови во Јужна Америка, за регионот најмногу е познат по мечот во Токио со Црвена звезда во 1991 година. Белградскиот тим победи со 3-0 и го освои Интерконтиненталниот куп.