Крај на сагата: Леброн го избра новиот тим - и ги изненади сите
Според него, ветеранот постигнал договор за двегодишна соработка со тимот од Филаделфија, а во договорот е вклучена и опција играчот сам да одлучи дали ќе ја активира втората сезона.
Со овој трансфер завршува големата летна сага, но и осумгодишната етапа на Леброн во Лос Анџелес Лејкерс, каде што пристигна во 2018 година и ја освои шампионската титула во 2020 година. Претходно настапуваше за Кливленд Кавалирс и Мајами Хит, а сега ќе се обиде да го нападне петтиот шампионски прстен со Филаделфија
Одлуката на Леброн да се пресели во Филаделфија е изненадување за многумина бидејќи иако беше на листата на заинтересирани, тимот од Пенсилванија не важеше за фаворит за неговиот потпис, покрај Мајами и Кливленд.