Модриќ пред нов историски подвиг - може да го урне рекордот на Ибрахимовиќ
Модриќ на 9 септември ќе наполни 41 година, а доколку одигра официјален натпревар по возраст од 41 година и 166 дена, ќе го урне рекордот што во моментов го држи Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот својот последен меч за „росонерите“ го одигра на 41 година и 166 дена.
Хрватот веќе влезе во клупската историја како најстар дебитант на Милан, а сега е на добар пат да додаде уште еден рекорд во својата богата колекција. Зад Ибрахимовиќ на вечната листа се наоѓаат легенди како Алесандро Костакурта, Паоло Малдини, Марко Сторари и Антонио Миранте.
По рекордите што ги постави во дресовите на Динамо Загреб, Тотенхем, Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Модриќ има можност да испише нова страница во историјата и на Милан, потврдувајќи дека и во петтата деценија од животот останува пример за долговечност и врвен професионализам.