Патрик Виера станува селектор на репрезентацијата која разочара на Мундијалот
Виера е роден во Дакар, главниот град на Сенегал, но во текот на играчката кариера настапуваше за репрезентацијата на Франција. Неговото сенегалско потекло и познавањето на фудбалот во оваа земја се сметаат за голема предност.
Поранешниот капитен на Франција беше вклучен и во развојот на Диамбарс, еден од најпознатите фудбалски центри во Сенегал.
Сенегал реши да се раздели со Тиао по разочарувачкиот настап на Светското првенство. Репрезентацијата на турнирот пристигна со големи амбиции, но загуби на првите два натпревари во групната фаза од Франција и Норвешка.
Сепак, со убедливата победа од 5-0 против Ирак, Сенегал успеа да обезбеди пласман во осминафиналето, каде против Белгија имаше водство од 2-0, но во финишот им дозволија на Белгијците да дојдат до 2-2, а потоа во продолженијата и да слават победа.