Шкендија пред стартот на сезоната остана без првиот голман
Имено, тетовскиот состав во првите неколку кола од шампионатот нема да може да смета на услугите на првиот голман Бабукар Гаје.
Голманот се здобил со повреда која ќе го оддалечи од терените две-три недели. Гаје беше на голот на Шкендија во првиот натпревар од Лигата на Конференции на гости кај Европа, но потоа прегледите покажаа дека ќе мора да оди на пауза и не настапи на реваншот од тој двомеч, како и на првиот дуел против Браво кој се одигра вчера во Љубљана.
Сезоната Шкендија ја отвора со дуел на свој терен против Скопје в недела од 19:00 часот.