Хорор: Навивачи на Насионал пукале кон автобус со фанови на Тигре (ВИДЕО)

Двајца навивачи на аргентински Тигре се наоѓаа во болница, откако биле повредени во пукањето врз нивниот автобус по гостувањето кај Насионал од Уругвај во рамки на Копа Судамерикана.

Медиумите пишуваат дека навивачи на Насионал направиле заседа за конвојот од околу 2.000 фанови на клубот од Буенос Аирес, па во еден момент почнале да пукаат.

Нападот се случил откако автобусите го напуштиле стадионот „Сентрал Парк“, каде што се соочиле двете екипи.