ФИФА го објави идеалниот тим на СП 2026 (ФОТО)
На голот е чуварот на мрежата на Зеленортските Острови, Возиња, кој импресионира на Мундијалот со неговите одбрани.
Одбраната е составена од Педро Поро од Шпанија, Лисандро Мартинез од Аргентина, Дајот Упамекано од Франција и Марк Кукуреља од Шпанија.
Во средниот ред се Родри, Мајкл Олисе и Џуд Белингам, додека нападот е составен од Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Интересно е тоа што во изборот немаше место за ѕвезди како Ламин Јамал, Феран Торес и Дани Олмо, кои имаа важна улога во освојувањето на трофејот.
