Македонија ја „нокаутира“ БиХ и го освои деветтото место на ЕП
Македонија го контролираше натпреварот уште од самиот старт и ја доби првата четвртина со 30-21, а предноста до полувреме се зголеми на 52-41.
БиХ во вториот дел не успеа да одговори, додека Македонија го чуваше водството и на крајот триумфира со 91-81.
Најефикасен во македонскиот тим беше Сергеј Младеновски со 17 поени, три скокови и четири асистенции, додека Марио Луканоски додаде 15 поени, седум скокови и една асистенција.
Фото: КФМ