Почнува мисијата - Олисе во Реал Мадрид! (ФОТО)
На насловната страница пишува: „Мајкл Олисе одлучил да му се приклучи на Реал Мадрид. Сагата почнува“.
Реал Мадрид посакува да го ангажира Олисе, но засега ставот на Баерн е дека нема намера да го продаде фудбалерот.
Тие го сметаат Олисе за еден од клучните играчи во тимот и не сакаат да се ослободат од него.
Но, фудбалерот е одлучен да се пресели во Реал Мадрид и ќе направи напор тоа да се случи. Не е исклучена можноста да поднесе и барање за трансфер.
Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата и доколку се укаже и најмала шанса ќе се обиде да ја искористи.
