Катастрофа за Арсенал: Салиба поради повреда нема да игра пет месеци

Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба се здобил со тешка повреда на дуелот меѓу Франција и Шпанија (0-2) поради што мораше да го напушти теренот за време на првото полувреме.

Повредата на Салиба го активира алармот кај англискиот шампион Арсенал, а првичните проценки се дека дефанзивецот ќе паузира дури пет месеци.

Еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата ќе биде надвор од конкуренција за настап, а тоа дефинитивно ќе биде голем проблем за „топчиите“.

Тренерот Микел Артета најверојатно шанса ќе му даде на Кристијан Москера, кој минатата сезона покажа голем потенцијал на теренот.

Фото: Équipe de France de Football