Со победата на Аргентина продолжи и неверојатна низа на Интер долга 44 години

Со победата на Аргентина над Англија од 2-1 во полуфиналето на Светското првенство, продолжи и неверојатната традиција на Интер што трае веќе 44 години.

Имено, миланскиот гигант ќе има свој фудбалер во финалето на мундијалите дури 12-ти пат во низа. Токму фудбалер на Интер беше човекот на одлука во полуфиналето. Лаутаро Мартинез во судиското продолжение го постигна победничкиот гол за Аргентина и го продолжи импресивниот рекорд на „нераѕурите“.

Низата со по најмалку еден свој играч во секое финале за Интер почна на Светско првенство во 1982 година и ќе продолжи во годинешната битка за светскиот трофеј.

Истовремено, со елиминацијата на Англија беше прекината уште една долга традиција. Поразот на Англичаните значи дека Баерн Минхен нема да има свој претставник во финалето на Светското првенство за првпат по 44 години бидејќи Хари Кејн остана без можност да се бори за титулата.

Аргентина во финалето в недела од 21:00 часот ќе игра против Шпанија која претходно беше подобра од Шпанија.