Меси: Ова е лудо, второ финале на СП по ред!

Аргентина на чудесен начин ја победи Англија во полуфиналето со 2-1 и во недела против Шпанија ќе го брани големиот пехар и ќе се обиде вторпат по ред да стане Светски шампион.

И покрај возраста, Меси е главниот играч на Аргентина, вчера со две асистенции беше клучен во победата над Англичаните. Но, игрите на Лео не се случајност, тој вели дека напорно работел за да ја постигне оваа форма.

„Речиси една година се подготвувам за ова Светско првенство. Декември го поминав во Аргентна, тренирав наутро и попладне бидејќи знаев дека ќе дадам се од себе за да дојдам во најдобра можна форма тука“, вели Меси.

„Може да зборуваат што сакаат. Ние се натпреваруваме, се бориме, играме убаво, видете како игравме сега, како доминиравме против Англија додека губевме. Горд сум и среќен што ги направивме сите Аргентинци среќни“.

„Лудо е тоа што го постигнавме, овој успех може да растажи некои, можат да велат што сакаат. Оваа група покажа дека никој ништо не ни дал бесплатно. Овој статус го заработивме со наша напорна работа. Никој ништо не ни дал“.

„Ние сме најдобриот тим во изминатите четири години, без разлика тоа дали им се допаѓа или не им се допаѓа на луѓето, без разлика кој што зборува“.

„Овој тим заедно може се да направи. Играњето заедно со овие момци е посебно. Сакам да им кажам на фановите да уживеат, никогаш нема да ве разочараме. Апсолутно лудо е што повторно стигнавме до финалето на Светското првенство“.