„Бомба“ на повидок: Олисе побарал трансфер во Реал Мадрид!

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе е подготвен за нов предизвик во кариерата, по успешниот период во Баерн Минхен, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.

Олисе зад себе има одлична сезона во Баерн, односно одигра 52 натпревари и постигна 22 голови и 31 асистенција, а наводно сега побарал од германскиот гигант да му дозволи да се пресели во Мадрид.

Реал претходно испрати понуда до Баерн за услугите на Олисе, но истата беше одбиена затоа што тимот од Минхен не сака да прифати помалку од 200 милиони евра.

Олисе има договор со Баерн до јуни 2029 година, но сè поверојатно е дека ќе си замине летово од гигантот.

Фото: Facebook/FC Bayern München