Полуфиналето на Мундијалот можеби донесе голем проблем за Арсенал
Според француските медиуми, дефанзивецот на Арсенал при излегувањето од игра неколку пати повторил: „Грбот ми е готов“, а тоа може да биде причина за загриженост и за тренерот на шампионот во Премиер лигата, Микел Артета, бидејќи Салиба е еден од најважните во тимот на шпанскиот стратег.
Лондонскиот клуб новата сезона ќе ја отвори за нешто повеќе од еден месец со финалето на Комјунити Шилд против Манчестер сити, а само една недела подоцна го очекува и првиот натпревар во Премиер лигата против Ковентри.
Сето ова дополнително ги намалува шансите Салиба да му биде на располагање на Артета на стартот од сезоната, особено ако се знае дека со проблемите со грбот се соочува подолг временски период.
„Имав помали проблеми веќе неколку месеци. Стиснав заби бидејќи пред нас беа Лигата на шампионите и Премиер лигата, а стручниот штаб одлично се справуваше со ситуацијата. Светско првенство се игра еднаш на четири години, па морате да издржите“, изјави Салиба пред почетокот на турнирот.