Бројките не лажат: Мбапе против Шпанија беше ужасен!

Франција, која важеше за главните фаворит за светската титула вчера против Шпанија го одигра еден од своите најнеубедливи натпревари во историјата на мундијалите, а речиси незабележителен на теренот беше и Килијан Мбапе.

Француската ѕвезда имаше само 34 контакти со топката, реализираше 12 точни додавања од 16 обиди и седум пати ја допре топката во противничкиот шеснаесетник. Мбапе упати три удари кон голот, но ниту еден не заврши во рамките на голот. Покрај тоа, не создаде ниту една шанса за своите соиграчи, имаше само еден успешен дриблинг и избори еден прекршок.

Статистиката јасно покажува колку успешно Шпанија успеа да го изолира Мбапе и колку Франција беше далеку од своето препознатливо офанзивно издание.

Наместо борба за светската титула во големото финале, Франција сега ќе мора да се задоволи со натпреварот за третото место, додека Шпанија со убедливата победа обезбеди пласман во финалето на Мундијалот каде што ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Англија и Аргентина.