Паника во Аргентина: Меси пропуштил тренинг пред Англија!

Лионел Меси го пропуштил првиот тренинг пред дербито меѓу Аргентина и Англија во полуфиналето на Светското првенство (СП), а тоа ги загрижи неговите сонародници и навивачи.

Отсуството на Меси од тренингот веднаш предизвика загриженост, но се покажа дека не станува збор за посериозен проблем. Аргентинскиот капитен добил одмор поради расекотина на главата и над окото, која ја заработил во исцрпувачката четвртфинална победа против Швајцарија.

Аргентинецот за првпат во кариерата треба да заигра против сениорската репрезентација на Англија и кажа дека е мотивиран да им помогне на своите соиграчи да се пласираат во финале.

Натпреварот меѓу Англија и Аргентина се игра утре вечер од 21 часот.

Фото: Selección Argentina in English