Почина судијата кој ФИФА го тргна од списокот за СП 2026!

Холандскиот фудбалски сојуз соопшти дека починал судијата Роб Диперинк на 38-годишна возраст, и тоа само неколку недели откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) го тргна од списокот за Светското првенство (СП).

Диперинк остана без шанса да суди на Мундијалот, откако претходно беше уапсен за сексуален напад врз малолетник во Велика Британија.

Засега не е откриена причината за смртта на холандскиот фудбалски судија, против кого беше отворена и истрага од британската полиција, меѓутоа случајот набрзо беше отфрлен поради недостаток на докази.

Диперинк судеше во холандската лига од 2017 година, а беше и ВАР-судија на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Фото: KNVB