Продолжи проклетството на Дрејк: Раперот „изгоре“ милион долари на Мекгрегор

Познатиот рапер Дрејк повторно е во центар на внимание откако изгубил милион долари на борбата меѓу Конор Мекгрегор и Макс Холовеј на УФЦ 329.

Мекгрегор остана во рингот нешто повеќе од минута по што мораше да се повлече од борбата, а причина повеќе за тага имаше раперот, кој е познат по лошите обложувања.

Раперот вложил милион долари на победа на Мекгрегор и очекувал заработка од 2,85 милиони, меѓутоа на крајот останал со празни раце.