Марк Маркез доминираше во Германија, Алекс доживеа катастрофа (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Марк Маркез триумфира на трката за Големата награда на Германија во Мото ГП шампионатот, а катастрофа доживеа неговиот брат Алекс Маркез кој излета од патеката во 10. круг.

Деветкратниот шампион доминираше на патеката и зад себе го остави Аи Огури, додека подиумот го комплетира неговиот тимски колега Раул Фернандез.

Четвртото место му припадна на Педро Акоста, а по него следеа Хорхе Мартин и Франческо Бањаја.

Алекс тргна од втората позиција на трката, меѓутоа се откажа по излетувањето во 10. Круг.