Ноќ исполнета со спорт: Англија, Аргентина, па - Конор Мекрегор!

По пет години пауза, Конор Мекгрегор се враќа во октагон и ирскиот борец во ноќта која следи ќе ја има главната борба против Макс во Лас Вегас, според најавите борбата треба да почне околу шест часот наутро.

Мекгрегор и Холовеј не се среќаваат првпат, но од нивниот прв дуел пред 13 години многу работи се променија. Тогаш двајцата се бореа во две категории пониско од денешната. Холовеј беше млад борец кој допрва се пробиваше, додека Мекгрегор започнуваше да го гради статусот на една од најголемите ѕвезди во светот на спортот.

Денес ситуацијата е сосема поинаква. Макс Холовеј во меѓувреме стана поранешен шампион во перолесна категорија и се докажа како исклучително опасен предизвикувач и во лесната категорија.

Од друга страна, Мекгрегор долго време е надвор од професионалниот спорт и редовните тренинзи, а за своето враќање избра тешка задача, борба против актуелниот БМФ шампион Холовеј.

Сите формалности пред борбата се завршени. На официјалното мерење двајцата борци ја исполнија границата за велтер категоријата од 77 килограми. Потоа следуваше и мерењто пред публиката, кое го одбележа исклучително тензично соочување меѓу двајцата борци.

Атмосферата потсети на најдобрите денови на Мекгрегор и на енергијата поради која во еден момент од кариерата стана поголема ѕвезда и од самата УФЦ организација.

Борбата на Мекгрегор значи и дека пред нас е ноќ исполнета со спорт како ретко кога, програмата ќе почне со дуелот меѓу Англија и Норвешка кој е закажан за 23:00 часот, а потоа следат Аргентина и Швајцарија од три часот.