Тажна снимка од починатиот Адамс на Мундијалот: Сите слават, тој сам седи на клупа (ВИДЕО)

Африканскиот фудбал денеска е во тага по смртта на 25-годишниот репрезентативец на Јужна Африка, Џејден Адамс кој според последните неофицијални информации самиот си го одзел животот по кратка борба со депресијата.

Наводно на Адамс два дена пред натпреварот Чешка, на Мундијалот му починала бабата, но тој сепак одлучил да остане на располагање на репрезентацијата. Иако беше стартер на првиот натпревар, во следните два меча од групната фаза влегуваше од клупата за резерви.

Сега на социјалните мрежи се појави снимка која многумина веднаш ја поврзаа со информациите за депресија на фудбалерот. Имено, на снимката се гледа како неговите соиграчи еуфорично ја слават победата над Јужна Кореја, меѓутоа Адамс во позадина во својот дрес со број 23 седи сам на клупата.