Ибра удри по целиот стручен штаб на Белгија: Треба да ви биде срам!
Говорејќи во студиото на „Фокс“, легендарниот Швеѓанец оцени дека токму одлуката на селекторот да го внесе резервниот голман Сене Ламенс наместо Мајк Пендерс ја чинела Белгија пораз и пласман во полуфиналето.
Во самиот финиш од натпреварот, Ламенс влезе на местото на повредениот Тибо Куртоа, а неговата грешка ја искористи Микел Мерино, кој го постигна победничкиот гол за Шпанија.
„Сметам дека селекторот е директно одговорен за овој пораз. Тоа е одлуката што Белгија ја плати со елиминација“, изјави Ибрахимовиќ.
Потоа објасни зошто смета дека Гарсија направил сериозна грешка.
„Зошто го внесувате Сене Ламенс од Манчестер јунајтед, а Мајк Пендерс седи на клупата? Дали причината е тоа што Ламенс брани за Манчестер јунајтед, а Пендерс за Стразбур? Така не се избира голман за репрезентацијата“, рече Ибрахимовиќ.
Тој не застана тука, туку отворено го оцени Ламенс како преценет голман.
„Ламенс не е голман за ова ниво. Преценет е. Пендерс е многу подобар и тоа секој може да го види.“
На крајот на удар на Ибрахимовиќ се најде и останатиот стручен штаб покрај Гарсија.
„Катастрофално ја водевте оваа ситуација. Срамота! Треба да ве биде срам и селекторот и тренерот на голманите“, порача Ибрахимовиќ.