Само еден фудбалер на Аргентина нема ниту една тетоважа

Аргентинската фудбалска репрезентација е позната по својот темперамент, атрактивната игра, но и по големиот број тетоважи на телата на репрезентативците. Сепак, еден репрезентативец целосно се издвојува од овој тренд.

Во современиот фудбал тетоважите станаа речиси неизоставен дел од имиџот на голем број професионални играчи. Овој тренд е особено изразен во Јужна Америка, а аргентинската репрезентација е вистински пример за тоа.

Од капитенот Лионел Меси, преку еден од најважните играчи во средниот ред Родриго Де Пол, па сè до искусниот Николас Отаменди, речиси целиот тим на „гаучосите“ гордо носи бројни тетоважи.

Но, напаѓачот Хулијан Алварез е единствениот фудбалер во аргентинската репрезентација кој нема ниту една тетоважа.

Овој интересен детал стана вирален на социјалните мрежи. На фотографијата јасно се забележува контрастот што на многумина претходно им останал незабележан. Додека Меси, Де Пол и Леандро Паредес, кои седат до него на клупата, ги покажуваат своите тетовирани раце и нозе, Алварез е со целосно чиста кожа.

Токму ова го прави единствен исклучок во соблекувалната на светските шампиони. Ќе потсетиме, Аргентинците доцна во ноќта во три часот по полноќ по средноевропско време ќе игра против Швајцарија во борбата за полуфинале.