Совет за Англичаните: За да го запрете Халанд не треба да го чувате него
Англија и Норвешка вечерва во Мајами, со почеток од 23 часот по наше време, ќе се соочат во четвртфиналето на, а натпреварот ќе донесе и директен дуел меѓу Хари Кејн и Ерлинг Халанд.
Јасно е дека најголемата опасност за Англичаните доаѓа токму од Халанд, кој во осминафиналето го урна и Бразил со два гола во победата на Норвешка од 2-1..
Фридел смета дека има решение како да се запре Халанд, а неговото објаснување е особено интересно. Според него, не е неопходно директно да се запре Халанд за да се неутрализира неговата закана.
„Не можете едноставно да го запрете Халанд, бидејќи тој не ја допира топката многу пати во текот на натпреварот. Ќе го запрете така што ќе ги запрете асистенциите и додавањата кон него. Ако им дозволите на крилните играчи и бековите да му испраќаат центаршутеви и најдобрите дефанзивци во светот ќе имаат проблем да го запрат“, изјави Фридел па додаде:
„Не треба да го запрете Халанд, туку да спречите топката да стигне до него. Мартин Одегард е играчот кој има најмногу контакти со топката во норвешката репрезентација, па мора да го ограничите неговото влијание. Но, тие не се еднодимензионален тим, тука се уште Нуса, Боб и уште многу други опасни играчи“, истакна поранешниот голман.
Интересно е што Одегард во првото полувреме од натпреварот против Бразил имаше 53 додавања, од кои дури 52 беа успешни, што доволно зборува за системот на игра на Норвешка и покажува кого тимот на Томас Тухел вечерва ќе мора да го неутрализира.