Скопје добива нов тренер: Таневски со емотивна порака се збогува од тимот (ФОТО)

Новиот прволигаш Скопје во следната сезона ќе влезе со нов тренер, откако Александар Таневски се збогува од клубот преку социјалните мрежи.

Таневски објави емотивна порака на неговиот профил на Фејсбук и се заблагодари на стручниот штаб, навивачите и сите останати кои биле дел од клубот.

„Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех. Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, играчите, навивачите и луѓето од населбата. Напротив - токму поради сè што поминавме заедно, оваа одлука ми е тешка. Заедно создадовме тим, атмосфера и успех на кој сите можеме да бидеме горди. Го вративме клубот таму каде што заслужува да биде - во Првата лига. Но понекогаш, колку и да сакаш нешто, мора да прифатиш дека некои приказни треба да завршат додека сè уште има достоинство, почит и убави спомени. Ви благодарам на играчите, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа сезона. ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“, објави Таневски.

Фото: FC Skopje