Денеска на СП: Дерби меѓу Норвешка и Англија, па дуел на Аргентина и Швајцарија
Првиот натпревар се игра вечерва од 23 часот меѓу Норвешка и Англија, а тоа ќе биде еден од најочекуваните дуели затоа што на теренот ќе се соочат одличните напаѓачи Ерлинг Халанд и Хари Кејн.
Норвешка е една од главните приказни на турнирот. Халанд постигна седум голови и веќе елиминира неколку големи ривали на патот кон четвртфинале, додека од друга страна Кејн запиша шест погодоци за Англија.
Втората средба вечерва се игра од 3 часот по полноќ, а ќе се соочат Аргентина и Швајцарија во Канзас Сити.
Актуелниот светски шампион ќе се обиде повторно на крилјата на Лионел Меси да се избори за успех на Мундијалите, но Швајцарија дефинитивно ќе се обиде да направи изненадување, откако по 72 години избори четвртфинале на СП.
Победниците од вечерашните дуели ќе играат меѓусебно во полуфиналето.
Фото: Fotballandslaget