Нови детали за смртта на репрезентативецот на Јужна Африка (ФОТО)

Фудбалот во Јужна Африка е завиен во црна по веста дека 25-годишниот Џејден Адамс починал неколку денови по враќањето од Светското првенство (СП), а во медиумите се појавија и информации за неговата смрт.

Адамс настапи на три натпревари на Мундијалот, по што се врати во татковината, а според дел од локалните медиуми во Јужна Африка, фудбалерот се самоубил откако подолг период се борел со депресија.

Неговото семејство, сепак, засега не открива повеќе детали за смртта на Адамс која го потресе фудбалскиот свет.

Фото: Bafana Bafana