Нова драма: Адвокат од Парагвај му се закани на Мбапе со тужба и екстрадиција!

Адвокатот на парагвајската политичарка Селесте Амарила, Гиљермо Дуарте кажа дека неговиот тим размислува за преземање на правни чекори против француската ѕвезда Килијан Мбапе.

По жестоката пресметка меѓу Мбапе и парагвајската политичарка (повеќе детали прочитајте ТУКА), Дуарте кажа дека францускиот напаѓач може да биде предмет на судска постапка поради навреда.

„Тоа што го сметаме за клевета или навреда е кривично дело и во Франција, па може да преземеме правни мерки против Мбапе“, кажал адвокатот.

Дуарте споменал и можност за барање екстрадиција на фудбалерот во Парагвај каде што би требало да одговара пред тамошните институции. Сепак, правните експерти посочуваат дека тоа сценарио е малку веројатно. Екстрадицијата е сложен процес, а државите вообичаено не ги предаваат своите државјани на странски судови без сериозни правни основи и исполнети меѓународни услови.

Мбапе неодамна доби голема поддршка од јавноста и фудбалскиот свет по расистичките напади со кои се соочи, а неговите поддржувачи сметаат дека станува збор за обид за создавање дополнителна контроверза околу неговото име.

Фото: Équipe de France de Football